Кошаркарското првенство се одложува за седум дена

29.09.2020 07:40 | KumanovoNews

Претставниците на клубовите од Прва лига и раководството на федерацијата донесоа одлука со која ќе го пролонгираат стартот на домашното првенство за седум дена.

Кошаркарското првенство се одложува за седум дена

Главна причина за ваквата одлука е појавата на ковид-19 кој не ги одмина кошаркарите од домашното првенство, а тимот на Работнички се наоѓа во карантин од 14 дена.

Според клубовите доколку се појават до три заразени кошаркари, тие ќе се сметаат за повредени а прекин на првенството треба да следи доколку таа бројка е поголема.

Играњето во балон е предлог решение на Кошаркарската федерација за да се елиминира можноста за зголемување на бројот на заразени и чести прекини на првенството, меѓутоа тој предлог не наиде на одобрување кај клубовите.

Куманово во првото коло гостува против новиот прволигаш ТФТ од Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk