Костовски: Го победивме непобедливиот Пелистер

12.04.2012 14:50 | KumanovoNews

 Раководството на ракометниот клуб „Куманово„ денеска на прес-конфернција информираше за големата победа што синоќа ја извојуваа, над директниот ривал РК „Пелистер„ од Битола.

Костовски: Го победивме непобедливиот Пелистер

По цели 20 години успеваме среде Битола да го победиме непобедливиот Пелистер во вториот натпревар од Плеј-офот со резултат 21-24. Со оваа победа на гости се наоѓаме на прво место со ист број на бодови со екипата а РК „Вардар-ПРО„, по 2 одиграни кола. Оваа прилика ја користам да ги потсетам и да ги повикам нашите сограѓани, утре 13.04.2012 година на Велики петок во 18.30 часот во Спортската сала во Куманово да дојдат и да ни дадат подршка во дуелот Куманово-Овче Поле, кој значи борба за влез во полуфинале од Купот на Република Македонија, со што ќе  направиме голем успех. Сакам да потенцирам дека не респектираме никого, а посебно не дома на домашен терен- рече Мартин Костовски претседател на клубот.

 Влезот за натпреварот е слободен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk