Кожув - Куманово, борба за деветтата позиција на табелата

11.03.2022 08:41 | Стефан Николиќ

Кошаркарите на Куманово утре му гостуваат на тимот на Кожув, во рамките од 18.коло од домашното првенство. 

Кожув - Куманово, борба за деветтата позиција на табелата Фото: www.balkanleague.net

Имајќи го предвид идентичниот скор на табелата, овој натпревар ќе има свој придонес во борбата за деветтата позиција на табелата. Кожув има 5 победи и 12 порази, а Куманово е веднаш зад нив со 4 победи и 13 порази. 

Во првиот натпревар, Кожув триумфираше со 4 поени предност, па Куманово треба да размислува и на победа со повеќе од 5 поени за да оствари подобар меѓусебен дуел.

Натпреварот се игра во недела и започнува во 18 часот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk