Кожув направи услуга на Куманово

14.05.2015 10:10 | KumanovoNews

Во рамките на 9.коло од Суперлигата се одиграа 2 натпревари во кои МЗТ Скопје го совлада Карпош Соколи, а Кожув триумфираше против Фени Индустри.

Кожув направи услуга на Куманово

МЗТ Скопје победи во натпреварот против тимот на Карпош Соколи со резултат 80-100 со што дефиниривно ја осигура првата позиција на табелата.

Додека Куманово ја гледа својата шанса за највисок пласман, во меѓувреме тимот на Кожув успеја да го врати Фени чекор поназад во борбата за третото место. Кавадарчани изгубија на гостувањето во Гевгелија па во следниот натпревар директно ќе се решава кој ќе биде на третата позиција. Иако Куманово е подобар во меѓусебните дуели, само огромна разлика на натпреварот во сабота може да го врати Куманово на четвртата позција.

Последното коло од Суперлигата се игра во сабота.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk