Кожув загуби од Работнички, Куманово ги губи сите шанси за Плеј-оф

13.05.2014 17:29 | KumanovoNews

Со победата на Работнички против тимот на Кожув, кошаркарите на Куманово ги загубија шансите за пласман во Плеј-оф завршницата од сезоната.

Кожув загуби од Работнички, Куманово ги губи сите шанси за Плеј-оф

Тимот од градски Парк издвјуваше победа и покрај суспензијата на Дарко Соколов, и повредата на Марко Симоновски во текот на натпреварот. Кожув водеше единствено од средината на првата четвртина до почетокот на втората, по што Работнички ја превзема иницијативата и на крај успеја да забележи победа од 66:63.

Според новото толкување на правилата, Работнички има подобар меѓусебен скро и Куманово останува без Плеј-оф учество.

Кумановчани утре го играат последниот натпревар од сезоната против екипата на Струмица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk