Кривопаланечките каратисти во акција за спортување со почитување на мерките за ковид-19

28.11.2020 21:19 | KumanovoNews

Триесетина млади каратисти од Крива Паланка, денеска спортуваа по мотото „Ние спортуваме-дистанца одржуваме-мерки почитуваме !“, во организација на Норгес Вел од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентар Скопје, Карате клубот „Шампион“ и  Општината Крива Паланка.

Кривопаланечките каратисти во акција за спортување со почитување на мерките за ковид-19

- Во услови на глобална пандемија многу е важно да ги одржиме здравиот дух и телото во добра форма, особено кај децата,  кои во модерното време се повеќе се дружат со технологијата, отколку да излегуваат  на чист воздух. Мора да го искористиме она што ни го нуди природата, имајќи в предвид дека овие услови ни се наметнати од  корона вирусот, кој  го измести  нормалниот тек на нештата, изјави Даниела Анастасовска од Норгес Вел.

Анастасовска повикува сите да дадат свој придонес кон подобрување на ситуацијата за да се адаптираме на новосоздадената состојба, со почитување на протоколите за заштита и безбедност.

- Токму и оваа акција е во духот на спортот и граѓанската иницијатива да направиме разлика, да покажеме дека можеме преку спорт и одржување дистанца да работиме на физичката способност  на сите, а воедно и да покажеме општествена одговорност, вели Анастасовска.

Акцијата, која се спроведе на Градскиот стадион  во Крива Паланка, е  во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, кој го спроведува ИНВО Инфоцентар од Скопје, со поддршка на Меѓународната фондација „Улоф Палме“ од Шведска.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk