Кривопаланечките пингпонгари победници во јуниорската лига

03.04.2021 08:56 | KumanovoNews

Младите пингпонгари од Крива Паланка се победници во јуниорската лига на Македонија, и во машка, и во женска конкуренција.

Кривопаланечките пингпонгари победници во јуниорската лига

На финалните мечеви, во организација на Пингпонгарската федерација на РСМ, пингпонгарките и пинкпонгарите од „Крива Паланка“ беа најдобри и заслужено ги освоија првите места.

„ППК „Крива Паланка“ беше домаќин на најдобрите 13 клубови од државата, кои во текот на сезоната изборија пласман и се квалификувааво финалните натпревари. Се одиграа квалитетни натпревари, а екипите на нашиот клуб се пласираа во финалните мечеви и во машка и во женската конкуренција. Двата наши претставника остварија победи. Во женска конкуренција со 3:0 беше совладана екипата на  ППК „Крушево“,  а крушевчани беа поразени и во машка конкуренција, во многу понеизвесен дуел што заврши со 3:2, вели Јодранчо Миневски, претседател на ППК „Крива Паланка“.

ППК  „Крива Паланка“ ќе биде домаќин на најголемиот број на натпреварувања во младинските категории, почнувајки од „Телеком мастерс“- турнирите за играчи до 18 и до 21 година, на 3-ти, односно 10 април.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk