КСК 2013 по продолженија загубија од Гоце Делчев - Штип

20.10.2013 22:24 | KumanovoNews

Кошаркарите на КСК 2013 загубија на првиот натпревар по продолженија од тимот на Гоце Делчев Штип со резултат 74:78.

КСК 2013 по продолженија загубија од Гоце Делчев - Штип

КСК 2013 имаше солиден старт на натпреварот, и водство од неколку поени по првата четврина. Во текот на вториот период па до крајот на натпреварот следуваше неизвесен натпревар кој заврши со нерешен резултат 62:62.

Гостите од Штип беа поумешни во продолжението и успејаа да ја забележат својата прва победа во новата сезона. Поранешниот кошаркар на Куманово 2009 Даниел Калов беше нерешлива енигма за КСК 2013 и имаше најзабележителен настап, додека кај домашните кошаркари највеќе се истакна Даниел Милановски.

Конечен резултат на натпреварот беше 74:78.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk