КСК 2013 посилен од Тетекс

18.11.2013 10:31 | KumanovoNews

Кошаркарите на КСК 2013 ја издвојуваа втората победа во Втората лига одкако вчера во Спортската сала беа поуспешни од Тетекс со резултат 91:78.

КСК 2013 посилен од Тетекс

Во првото полувреме следуваше неизвесен меч со честа промена на водството. Резултатот на полувреме беше 49:42 за домашната екипа што најавуваше жестока борба до крајот на натпреварот.

Сепак кошаркарите на КСК успејаа да направат преднсот во третата четвртина во која направија двоцифрена разлика и го декласираа противникот. Во овој период тандемот Даниел Милановски и Милош Младеновски беа нерешлива енигма за гостите од Тетово.

Кошаркарите на Тетекс пред крајот на натпреварот со неколку постигнати тројки во серија се обидоа да го анулураат резултатот, меѓутоа КСК на крајот успеја да триумфира на овој натпревар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk