КСК 2013 утре го пречекува Т-Баскет

30.10.2013 14:07 | KumanovoNews

Кошкарите на КСК 2013 утре во 18 часот ја пречекуваат екипата на Т-Баскет од Тетово.

КСК 2013 утре го пречекува Т-Баскет

По барање на домашниот клуб, овој натпревар од третото коло ќе се одигра порано од предвидениот термин, во Спортската сала во Куманово.

КСК 2013 имаше лош старт на сезоната и после два одиграни натпревари има забележано и два пораза.

Тимот на Т-Баскет има изиграно еден натпревар на кој беше поуспешен од Тетекс ТТК.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk