КСК гостува во Радовиш, Куманово 2009 го пречекува Работнички

11.04.2014 15:27 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала го пречекуваат големиот ривал, екипата на Работнички од Скопје.

КСК гостува во Радовиш, Куманово 2009 го пречекува Работнички

После испаѓањето од БИБЛ лигата, Куманово може да се фокусира на домашното првенство. Негативната серија ќе се обидат да ја прекинат против тимот на Работнички.

Тимот од Градски парк успеја да го намачи шампионот и загуби на сличен начин како и Куманово, па тоа е доволна увертира за одличен меч кој ќе се игра во Спортската сала во Куманово со почеток од 19 часот.

Тимот на КСК 2013 има уште два натпревари до крајот на првенството, а утре ќе игра против тимот на Радовиш на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk