КСК Куманово започнува со настап во трета лига

19.08.2013 10:27 | KumanovoNews

По пауза од осум години, кошаркарскиот клуб КСК Куманово повторно е обновен и од оваа сезона започнува да се натпреварува во кошаркарската трета лига.

КСК Куманово започнува со настап во трета лига

Екипата на КСК е формирана 1995 година, а клубот згасна по десетгодишно постоење. Оваа година група на љубители на овој спорт и воедно поранешни играчи на клубот, решија да ја  реформираат екпата која ќе го носи името „КСК 2013“.

Освен во сениорска конкуренција, тимот ќе има и младинска екипта од генерација 1996/97, а со текот на времето и оформување на сите категории. Како што изјавија од клубот, во план е и женска екипа која ќе почне да се натпреварува од наредната сезона.

Екипата ќе се натпреварува во Третата кошаркарска лига, со амбиции уште првата сезона да влеземе во Втора лига. Би ги повикал сите љубители на кошарката од октомври да ги следат нашите натпревари и да ни дадат подршка - изјави Дарко Аврамовски, претставник на клубот.

„КСК 2013“ вчера ги започна подготовките за новата сезона, а тренер на екипата е Горан Ивановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk