Кумановци добија позиции во Атлетската федерација

11.09.2012 07:26 | KumanovoNews

Од атлетскиот клуб “Скок“ објаснуваат дека нивни членови се влезени во Извршниот одбор, тренерската, судиската, ветеранската и други комисии. И селекторот на пионерската екипа чии членови се до 15 години е исто од Куманово.

Кумановци добија позиции во Атлетската федерација

Со ова на некој начин му се оддава признание на клубот. Сега наши луѓе се во телата и структурата на Федерацијата на Република Македонија. Ова се случува за првпат. Во Скопје на државното првенство поединечно освоивме шест први места, неколку втори и трети места. За две недели ќе биде и финалето на државното првенство во атлетика. Тогаш според бодување се избира првак. Од вкупно 15 клуба во потесниот круг во финалното натпреварување се влезени најдобрите 6 или 7 клуба. Ова е за атлетичари до 19 години - вели Филип Колевски, тренер во атлетски клуб “Скок“.

Клубот “Скок“ во последниов период бележи добри резултати и се надева на добар пласман на државното првенство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk