Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четворица Кумановци, членови на спортско- планинарскиот клуб „Козјак„ на 29 јули во 13.30 часот го освоија Мон Блан, највисок врв во Западна Европа. Марјан Милановски, Виктор Венцовски, Катерина Серафимовска и Ана Стојмановска се првата организирана група планинари од Куманово, кои ја издржаа авантурата висока 4.808 метри.
Искачувањето беше прилично тешко поради лошите временски услови. Последниот ден на искачувањето имаше големо невреме со снег и ветар што ни го отежна качувањето. Кога стигнавме до целта се задржавме само 5 минути колку да се сликаме и од силното невреме веднаш тргнавме назад. Се искачувавме со планинари од Белград, Чачак и Скопје. Успешно се искачивме 12 луѓе од експедицијата, а останатите 12 се задржаа на 4.300 метри височина, меѓу кои и нашата колешка Габриела Спасовска- вели Марјан Милановски.
Планинарите пред 2 дена се вратија дома и сеуште не ги средиле впечатоците, но велат дека нема да застатанат тука и веќе планираат догодина да го освојат Елбрус на Кавказ висок 5633 метри, највисокиот врв во Европа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk