Кумановец трет на ултрамаратон во Скопје

05.12.2011 13:36 | KumanovoNews

 Аце Јакимовски од атлетскиот клуб „Скок„ од Куманово го освои третото место на првиот ултрамаратон одржан во Република Македонија.

Кумановец трет на ултрамаратон во Скопје

Ултрамаратонот се одржа вчера од од 09.00 до 15.00 часот во паркот Кермес во Скопје, а го  организираше клубот Делта.

Иако на трката имаше само еден повозрасен натпреварувач, а на мене ми беше прв ултрамаратон, со претрчани 62 км го освоив третото место- вели Јакимовски.

 На натпреварувањето учествувале 22 атлетичари од Македонија и Србија. Временските прилики не биле поволни во првиот дел на трката, поради маглата и ниската температура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk