Кумановецот Кристијан Андреевски нов претседател на Националната боксерска федерација

30.09.2024 10:12 | KumanovoNews

Кристијан Андреевски, претседател на боксерскиот клуб „Куманово 84“, е избран за нов претседател на Националната боксерска федерација. 

Кумановецот Кристијан Андреевски нов претседател на Националната боксерска федерација

Андреевски беше едногласно изгласан од  29 клуба кои беа присутни на Собранието и му ја дадоа комплетната поддршка да ја води оваа Федерација, на вонредното изборно Собрание кое се одржа во СЦ “Борис Трајковски”, откако досегашниот прв човек на Федерацијата Фатон Салиху поради лични ангажмани и презафатеност поднесе оставка на функцијата.

Новиот претседател по изборот најпрво им се заблагодари на присутните и вети дека ќе работи пред се на подигање на квалитетот на боксот и негова популаризација како спорт, не само во Македонија туку и пошироко.

„Како претседател ќе ветам работа, за да боксот го подигнеме на уште поголемо ниво, да имаме квалитет и да направиме резултати со кои сите на крајот ќе се гордеме. Ние како Федерација ќе бидеме ваш сервис и заедно со вас ќе работиме во интерес на боксот“, кажа Андреевски во своето обраќање.

За потпретседател на Федерацијата е именуван Оливер Станков, претставник од БК Аперкат од Скопје, додека технички секретар ќе биде Бошко Тасиќ, од БК Куманово 84.

На Собранието исто така беа избрани и членовите на Управниот одбор во кој влегоа Горан Стојковски, Сашо Салтировски, Александар Трифуновски и Никола Ѓорѓиевски, на предлог на новиот претседател, додека на предлог од Собранието во Управниот одбор нови членови се Оливер Станков, Насер Харуни, Бобан Блажевски и Радмила Симевска, која е првата жена во историјата на Федерацијата.

Во Надзорниот одбор влегоа тројца членови а тоа се Владимир Цекиќ, Јове Петровски и Влајко Стојчевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk