Куманово 2009 и Бал фор Лајф со победа ја завршија полусезоната

27.12.2016 11:36 | KumanovoNews

Кумановските кошаркарски претставници во првата и третата лига Куманово и Бал фор Лајф со победа го завршија првиот дел од сезоната.

Куманово 2009 и Бал фор Лајф со победа ја завршија полусезоната

Куманово по продолженија беше подобар од Работнички со резултат 86-83, со што му го нанесе првиот пораз на тимот од Градски парк. Данило Мијатовиќ постигна 28 поени и 11 скока во победата на Куманово. Кај гостите Чековски го заврши натпреварот со 19 поени и 9 скока.

Кошаркарскиот клуб Бал фор Лајф ја забележа петтата победа во Третата кошаркарска лига. Изминатиот викенд тие забележаа нова победа против тимот на Кичево со резултат 59-77. Филип Стојановски беше убедливо најдобар поединец на тој натпревар со постигнати 35 поена.

Куманово следниот натпревар го игра на 17. јануари во регионалната лига против Кожув на гостински терен, а четири дена подоцна ќе одигра против истиот противник само во рамките на домашното првенство.

Бал фор Лајф вториот дел од сезоната ќе ја започне на 11.февруари и ќе му гостува на тимот на Овче Поле.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk