Куманово 2009 слободно, КСК и Михајловски го започнуваат пролетниот дел од првенството

21.02.2014 12:11 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово 2009 се слободни оваа коло па според договорот на прволигашите и МКФ, со цел за развој на младинската кошарка во Македонија, кумановчани треба да играат против младинската репрезентација на Македонија.

Куманово 2009 слободно, КСК и Михајловски го започнуваат пролетниот дел од првенството

Куманово ќе има доволно време да ги консолидира редовите по серијата порази, па на следниот натпревар кој го играат на домашен терен против екипата на Теодо, да остварат победа.

Утре започнува пролетниот дел од сезоната и за екипите од Втора и Трета лига, каде Куманово има свои претставници.

Екипата на КСК 2013 ќе се сретне со тимот на Гоце Делчев. Екипата од Штип е првопласирана на табелата и има само еден пораз. КСК се наоѓа на третата позиција со шест победи и два пораза.

Нашиот третолигаш, КК Михајловски сезоната ја продолжува со гостувањето во Прилеп каде што ќе се сретне со екипата на Марфил Спорт. Во првиот натпревар Михаловски го совладаа тимот од Прилеп со резултат 79:55.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk