Куманово 2009 со победа ја стартуваше втората фаза во БИБЛ

04.02.2015 21:49 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово успешно ја започнаа втората фаза од наптреварувањето во БИБЛ лигата, одкако забележаа победа против тимот на Крајова.

Куманово 2009 со победа ја стартуваше втората фаза во БИБЛ

Тимот на Куманово и овој натпревар играше без Урош Луковиќ, кој би требало да се врати на теренот веќе следниот натпревар. Екипата започна добро, постигнувајки шест поени предност во првата четвртина но следуваше одговор на Крајова  и целосно резултатско враќање во натпреварот.

Куманово не успеваше да „побегне“ на поголема предност од 5 поени, а на почетокот од последниот период дури и беше во негатива. Слободните фрлања на Аврамовиќ и тројката на Мадиќ го решија прашањето на победникот, додека Санта ја намали предноста на само 2 поени разлика. Натпреварот заврши со резултат 81-79.

Александар Костовски постигна 19 поени и 11 асистенции, додека Ѓекиќ го заврши натпреварот со 16 поени.

Кај гостите Божовиќ постигна 20 поени.

Вчера се одигра и вториот натпревар од оваа група каде што Пеќ беше поуспешен од Морнар. Пеќ е лидер во групата со шест бода (3-0), додека Куманово, Крајова и Морнар имаат четири бода (1-2).

Следниот натпревар Куманово го игра повторно на домашен терен против екипата на Карпош Соколи во рамките од Прва лига.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk