Куманово бара оштета од 40.000 евра од МКФ

20.11.2016 21:40 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Куманово ќе ја тужи Македонската кошаркарска федерација и ќе побара оштета од 40.000 евра, поради тоа што ги изгубиле спонзорите од ненавремено отпочнување на лигата.

Куманово бара оштета од 40.000 евра од МКФ

Ваквата одлука уследила откако на клубот му откажале два спонзори и поради тоа мора да исплати казнени пенали, заради нереализираните маркетинг обврски кон редовните спонзори.

„Сепак клучна определба на КК Куманово е да игра кошарка. Затоа уплативеме котизација во износ од 5000 евра , како и лиценца за странски играчи од 1250 евра. Отпочнавме да играме кошарка во интерес на спортот, а должничко-доверителските односи ќе ги решавеме тековно до престојното изборно собрание„, - стои во соопштението на КК Куманово.

Куманово во првото коло од новата сезона во македонската Прва лига, синоќа изгуби од  Работнички со 89:52 поени на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk