Куманово ќе брка 13 поени предност против Рилски

24.03.2015 12:08 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово денеска во Спортската сала во Куманово го играат вториот натпревар од Третата фаза против тимот на Рилски Спортист.

Куманово ќе брка 13 поени предност против Рилски

Во првиот натпревар, тимот од Бугарија успеја да ја забележи првата победа против Куманово оваа сезона со резултат 97-85.

Во натпреварите од групата А, Куманово најпрвин победи на домашен терен со резултат 89-82, а подоцна во Самоков на гостински терен извојуваше победа со резултат 90-95.

Куманово е познато дека игра далеку подобро на домашен терен, па доколку успее да повтори партија како против Работнички пред две недели и нема многу осцилации во играта, тринаесетте поени се достижни на нашата екипа.

Натпреварот Куманово - Рилски Спортист се игра во Спортската сала во Куманово и започнува во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk