Куманово ќе го „брани“ третото место во Кавадарци

02.04.2016 14:02 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово денеска во 18 часот ќе се сретнат со директниот конкурент за третата позиција, тимот на Фени Индустри.

Куманово ќе го „брани“ третото место во Кавадарци

Тимот од Кавадарци заостанува само еден пораз во однос на кумановчани и со евентуална победа на домашен терен се вклучува во трката за полесен противник во четвртфиналето од Плеј-оф. Куманово доколку сака да ги задрши амбициите за втората позиција на табелата, мора да извојува победа во се подобриот Фени Индустри.

Натпреварот се игра во салата Јасмин во Куманово со почеток во 18 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk