Куманово ќе соработува со Партизан

15.03.2011 09:10 | KumanovoNews

 Кошаркарскиот клуб Куманово 2009 ќе соработува сo еден од најдобрите тимови на балканските простори Партизан од Белград.

Куманово ќе соработува со Партизан

Делегација на клубот и градоначалникот Зоран Дамјановски во петокот се сретнале со челниците на Партизан, каде начелно била договорена соработката на  двата клуба на организациски план и размена на играчи. Со тоа се очекува да се реализира идејата Куманово да биде кошаркарски центар во Македонија. Договорот за соработка и отварањето на кошаркарска школа на Партизан треба да се случи наскоро, кога делегација на Партизан ќе биде гост на градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk