Куманово дебитираше со победа против МЗТ Скопје

18.04.2015 22:14 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово одиграа одличен меч против актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, победувајки со резултат 99-90.

Куманово дебитираше со победа против МЗТ Скопје

Домаќините немаа најдобар почеток на овој натпревар и во првата четвртина губеа со 8 поени разлика. Будењето на кумановчани стигна во втората четвртина кога најпрвин стигна на резултат 34-35, а до крајот на периодот и поведоа со резултат 54-45. Во првото полувреме Куманово имаше три двоцифрени играчи, Луковиќ со 15 поени, и Караџовски и Мандиќ со по 10 поени.

МЗТ покажа дека располага со одличен состав кој во третата четвртина успеја да ја неутрализира разликата од 9 поени со која Куманово замина на полувреме.

Последниот период беше крајно незивесен, Куманово се обидуваше со шут за три поени предвреме да го решеи победникот на мечот. Јанески погоди два битни шута за три во четвртата четвртина, со кои обезбеди победа над МЗТ Скопје која му носи голема предност во доигрувањето од Суперлигата.

Луковиќ постигна 20 поени, а Костоски и Јанески завршија со 18 поени во победата на Куманово. Александар Чапин постигна 22 поени за МЗТ Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk