Куманово денеска игра против Роса Радом

11.11.2015 12:27 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово денеска во 18:30 го играат натпреварот од третото коло од ФИБА Еврокупот против полскиот претставник Роса Радом.

Куманово денеска игра против Роса Радом

Зголемениот број на патувања очигледно претставува проблем за тимот на Куманово во воспоставување на формата и стабилноста на екипата. Куманово во иста недела победува на „потешкиот“ и губи на „полесниот“ натпревар што е показател дека коцките сеуште не се склопени до крај. Дополнителен проблем на Куманово се гостинските натпревари, и во досегашниот дел од сезоната сеуште немаат победа на гости и на двата фронта на кои настапуваат.

За тоа каков натпревар не очекува вечерва, најдобар показатал е изјавата на тренерот на КТП, Антон Миролибов кој изјави дека полскиот претставник по многу сегменти е многу сличен на Куманово. Доколку Куманово ја повтори играта како на последниот интернационален натпревар, тогаш веројатно ќе можеме да ја запишеме и втората победа во Еврокупот.

Натпреварот започнува во 18:30 а можете да го проследите на следниот линк.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk