Куманово денеска му гостува на МЗТ Скопје

09.02.2018 12:59 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово денеска и гостуваат на екипата на МЗТ Скопје Аеродром во рамките на 16.коло од Првата кошаркарска лига.

Куманово денеска му гостува на МЗТ Скопје

Домаќинот на овој меч, екипата на МЗТ Скопје доживеа пораз во последниот натпревар од Блокотехна, што го спушти актуелниот шампион на третата позиција на табелата.

Куманово заедно со Гостивар го делат четвртото место а воедно и се обидуваат да пренесат што повеќе бодови во Супер-лигата.

Денешниот натпревар започнува од 18 часот и ќе се игра во малата сала при комплексот Јане Сандански во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk