Куманово - Фени 64:91

19.01.2011 00:31 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз од двомечот што треба да се одигра во четврт-финалето на Купот на Македонија. Актуелниот шампион и бранител на Купот Фени Индустри беше пресилен за кумановчани кои го забележаа првиот пораз во првиот натпревар оваа година.

Куманово - Фени 64:91

Неизвесност на натпреварот имаше само првата четвртина кога резултатот беше тесен, а во продолжението на натпреварот Фени воспостави водство кое го зголемуваше до крајот на натпреварот. Куманово доби противник кој многу тешко можеше да го победи, но сепак тоа не е оправдување за слабите игри кои ги прикажаа дел од изабраниците на Димитријевиќ. Во Куманово, најефикасен на натпреварот беше Дарко Станимировиќ со 18 поени и Вукотиќ со 17. Во споредба со предходните натпревари слабо изиграа Микиќ со 10 поена, Дарко Матиќ со 4.

Кај Фени најефикасен беше Војдан Стојановски со 18 поена и Диме Тасовски со 15 поени.

Следниот натпревар се игра за 2 дена во Кавадарци.

Без разлика на бледите партии во Куп натпреварите, кумановчани се концентрираат на доигрување на првиот дел од првенството и освојување на најмалку шестата позиција на табелата. На 29. јануари во Спортската сала во Куманово се игра против Пелистер од Битола кој е последен на табелата. Со добри резултати во натпреварите до крајот на првенството, и опоравувањето на Ратко Петриќ целта за кумановчани е и реално остварлива.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk