Куманово ги пречекува Соколи во борба за втората позиција

06.04.2016 11:41 | KumanovoNews

Екипата на Куманово денска во 19 часот во Спортската сала го пречекува тимот на Карпош Соколи.

Куманово ги пречекува Соколи во борба за втората позиција

По овој натпревар ќе биде појасно кои сценарија не очекуваат до крајот на сезоната, кога е во прашање завземањето на втората позиција на табелата.

Во рамките на Прва лига, екипата на Куманово има скор од две победи и еден пораз со тимот на Карпош Соколи. Доколку кумановчани денеска триумфираат ќе ја намалат разликата на една победа негатива. Тимот од Карпош до крајот на првенството би требал да киксне на еден од натпреварите со Бест, Работнички, Фени Индустри или МЗТ Скопје и подобриот меѓусебен дуел да донесе предност на Куманово. Сепак и Куманово има незгоден распоред, покрај тимот на Струмица во следното коло и Бест во финишот од првенството, тие играат натпревари против незгодниот Кожув и шампионот МЗТ Скопје кој тешко ќе дозволи изненадување како во второто коло од првенството.

Доколку Соколи триумфираат на денешниот натпревар, Куманово ќе мора да се подготвува за четвртфинале во домашното првенство и да се фокусира на борбата со Фени Индустри кој се изедначи со Куманово на третата позиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk