Куманово го намачи МЗТ во вториот полуфинален натпревар

07.05.2017 18:50 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија и во вториот натпревар од кошаркарскиот Плеј-оф одкако МЗТ Скопје беше подобар со резултат 88-93.

Куманово го намачи МЗТ во вториот полуфинален натпревар

Кумановчани го намачија актуелниот шампион и не му дозволија лесно да триумфира на денешниот натпревар. Хавиер Тејмс ги врати надешите за победа на Куманово во последната минута одкако направи фаул и техничка грешка, па тимот на Србиновски се доближи на три поени негатива. Сепак Мијатовиќ и Клоф во продолжението беа прецизни од линијата за слободните фрлања и МЗТ забележа победа со резултат 88-93.

Токму Шарлон Клоф беше најефикасен поединец на натпреварот со 25 поени. За Куманово, Димитар Караџовски постигна 24 поени.

МЗТ Скопје поведе со 2-0 во победи, и веќе на наредниот натпревар може да стави точка на оваа серија. Карпош Соколи денеска беа подобри од Работнички и поведоа исто така со 2-0 во втората полуфнална серија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk