Куманово го победи Кожув

04.11.2012 18:03 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово издвојуваа победа против екипата на Кожув. Натпреварот заврши со резултат 86:72.

Куманово го победи Кожув

После одличниот старт на Куманово следуваше пад во играта каде што Кожув се приближи до 10 поени негатива. Иако делуваше дека следува неизвесен меч и враќање на гостите во мечот, кошаркарите на Кожув не беа доволно организирани, и многу демотивирачки играа во овој дуел.

Најефикасни на натпреварот беа Александар Костовски со 27 поени кај Куманово, а кај гостите Владимир Филиповиќ беше најрасположен на мечот со 15 поени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk