Куманово го победи Кожув на гостински терен

24.01.2016 13:04 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово забележаа победа во натпреварот против тимот на Кожув со резултат 73-80.

Куманово го победи Кожув на гостински терен

Иако Куманово имаше водство во поголемиот дел од натпреварот, клучна беше третата четвртина во која Куманово од негатива од шест поени успејаа да ја заврши четвртината со девет поени предност со што беше скршен отпорот на Кожув. Рутинирано Куманово го приведе натпреварот кон крајот, и извојуваше битна победа на почетокот од вториот дел на сезоната.

Жарко Ракочевиќ постигна 22 поени за Куманово. Кај Кожув Пен постигна 13 поени.

Куманово останува во борбата за втората позиција, а со оваа победа доби и полесен противитник во Купот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk