Куманово го победи ТФТ и во домашното првенство

02.11.2020 07:57 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово забележаа забележаа втора победа против тимот на ТФТ, овојпат во првото коло од домашното првенство со резултат 82:83.

Куманово го победи ТФТ и во домашното првенство

Кумановчани имаа добар старт на натпреварот и предводени од Александар Андрејевиќ, Стефан Глигоријевиќ и Филип Стојановски само по 25 минути имаа предност од 54:38.

Меѓутоа по тој момент Куманово како да веќе сметаше дека се е завршено, па колата крена низбрдо. ТФТ до крајот на третиот период дојде до 10 поени негатива, а цврстата одбрана низ цел терен ги натера кумановчани на многу грешки а тројките на Митревски и Херис доведоа тимот од Тафталиџе да дојде до 1 поен негатива.

Прецизните слободни фрлања на Филип Стојановски и Горјан Марковски во последниот период ја одржуваа предноста на Куманово во оваа трилер завршница и на крај беше поставен конечниот резултат 82:83.

Александар Андрејевиќ постигна 16 поени, Филип Стојановски заврши 15 поени а Јован Црниќ и Горјан Марковски постигнаа по 14 поена. За тимот на ТФТ, Андерсон постигна 20 поени.

Следниот натпревар Куманово го игра во четврток со тимот на Берое од Бугарија на домашен терен.

Фото: kfsm.mk/
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk