Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамките на 5 коло, во сабота кошаркарите на Куманово го пречекуваат МЗТ Скопје. Натпреварот започнува во 19 часот.
По првите четири порази, во исто толку натпревари, нашите кошаркари ќе ја бараат првата победа против гостите од Аеродром. Пред почетокот на првенството беше неизвесен настапот на МЗТ во најквалитетната лига, но откако најдоа силни спонзори, сега во првенството важат за екипа со највисоки амбиции. Моментално имаат еден пораз од шампионот Фени Индустри, и се наоѓаат на третата позиција. Куманово е деветто во првенството.
За разлика од првиот меч, овој пат кошаркарите ќе имаат помош и од навивачката група Кумани. Се очекува преполна сала, и атмосфера каква сме немале одамна на кошаркарските натпревари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk