Куманово го пречекува непоразениот Академик

24.10.2017 15:19 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово во Спортската сала го пречекуваат тимот на Академик Бултекс 99 од Пловдив Бугарија, во рамките од БИБЛ лигата.

Куманово го пречекува непоразениот Академик

Екипата на Академик Бултекс 99 досега одигра два натпревари против Ибар Рожаје и Тирана во кои забележа две победи. Куманово очигледно има проблеми со ротацијата и им недостасува уште еден играч за постабилна игра, па на двата фронта на кои настапуваат играат променливо. Сепак голема позитива е тоа што сите противници доста се помачија за да забележат победа против сино-белите, па веројатно и на домашен терен Куманово ќе се обиде да го нападне Бугарскиот преставник.

Натпреварот се игра во среда со почеток во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk