Ракометна сабота во Куманово

25.02.2022 08:51 | Стефан Николиќ

Ракометна сабота не очекува во салата на економското училиште Перо Наков, каде што ќе се одиграат два последователни натпревари. Ракометарите ја пречекуваат единствената непоразена екипа во Прва лига - тимот на Алкалоид Скопје, а ЖРК Куманово ќе игра против Пелистер од Битола.

Ракометна сабота во Куманово

Во рамките на Плеј-оф од женската лига, Куманово во третото коло го пречекува тимот на Пелистер. Кумановчанки имаат победа против Чаир и нерешен резултат против Металург во двете одиграни кола по спојување на двете групи. Натпреварот започнува во 17 часот.

Во машка конкуренција екипата на Алкалоид со 14 победи и 1 нерешен резултат е лидер во Прва лига - група Б. Куманово се наоѓа во серија од четири последователни победи и се наоѓа на 4.позиција со 9 победи, 2 ремиа и 4 порази.

На фејсбук страната на МРК Куманово пред натпреварот ќе можете да пронајдете и линк од директен стрим.

Натпреверот ќе започне во 19:30.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk