Куманово го пречекува незгодниот Кожув

15.04.2016 11:42 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре го играат 26.коло од Првата кошаркарска лига во која ја пречекуваат екипата на Кожув.

Куманово го пречекува незгодниот Кожув

Тимот од Гевгелија се покажа како тежок противник за Куманово оваа сезона. По одиграните три натпревари, кумановчани имаат негативен скор од два пораза и една победа, па утрешниот натпревар од неколку сегменти е битен за Куманово.

Со победа Куманово останува во борбата за подобра позиција на врвот на табелата, а доколку се земе во предвид дека МЗТ Скопје го пречекува Фени Индустри, ова е шанса за Куманово да направи минимална разлика во завземање на третата позиција. Следното коло Карпош Соколи и Фени Индустри играат меѓусебен натпревар по кој веројатно ќе биде познат конечниот распоред на табелата. Соколи имаат најтежок распоред во финишот од сезоната, па во последното коло го пречекуваат МЗТ Скопје.

Кожув оваа сезона покажа дека е незгоден противник, па со евентуален пораз и несакан расплет на ситуацијата, Куманово би можело да заврши на четвртата позиција на табелата и во Плеј-оф да игра токму против првиот тим од Гевгелија.

Натпреварот се игра во Спортската сала со почеток во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk