Куманово го пречекува Теодо Тиват

26.02.2014 11:36 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре во рамките на балканската БИБЛ лига ја пречекуваат екипата на Теодо Тиват.

Куманово го пречекува Теодо Тиват

Утрешниот натпревар е одлична шанса на нашите кошаркари да ја прекинат негативната серија во која се најдоа по неколкуте последователни порази во регионалното натпреварување и балканското првенство.

Овие два противника се сретнаа оваа сезона, каде што Куманово издвојуваше победа со резултат 67:72.

Натпреварот ќе се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 18:30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk