Куманово гостува на Рилски Спортист

28.01.2015 10:50 | KumanovoNews

Во последното коло од првата фаза во БИБЛ лигата, кошаркарите на Куманово и гостуваат на екипата на Рилски Спортист.

Куманово гостува на Рилски Спортист

Овој натпревар ќе ја решава позицијата на Куманово во следната фаза од натпреварувањето. Во меѓувреме Сутјеска го совлада Теодо со што го осигура своето место во следната фаза.

Со победа, Куманово ќе биде прв на табелата но во следната група ќе треба да влезе со Пеќ и негативен скор од 0-2. Доколку биде поразен, Куманово завршува четврти и со Рилски Спортист влегуваат заедно во следната фаза и скор 1-1.

Во првиот натпревар помеѓу овие две екипи, Куманово извојуваше победа со 89-82.

Натпреварот започнува во 18:30.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk