Куманово гостува во Штип

13.02.2015 11:42 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово утре гостуваат на екипата на Гоце Делчев Штип.

Куманово гостува во Штип

Покрај серијата незгодни натпревари, Куманово конечно добива противник против кој би требало целосно да доминира.

Гоце Делчев Штип се наоѓа на предпоследната позиција на табелата со само 2 победи и 9 пораза. Куманово ја дели втората позиција со Работнички кој има натпревар помалку и Карпош Соколи.

Во останатите натпревари оваа коло, Карпош Соколи ги пречекуваат Фени Индустри, Струмица игра против Водњански Лисици, а колото го затвора вечното дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk