Куманово и Бал фор Лајф со пораз ги завршија домашните натпревари

25.10.2017 22:48 | KumanovoNews

Денеска во Куманово се одиграа два натпревари во кои гостите си заминаа како подобри противници.

Куманово и Бал фор Лајф со пораз ги завршија домашните натпревари

Екипата на Куманово по продолженија забележа пораз од Академик Бултекс 99 со резултат 90-86. Куманово имаше предност само во еден наврат, иако разликата одеше и до 13 поени, сепак Куманово успешно ја топеше предноста и успеја да го одведе натпреварот во продолженија. Во екстра периодот сепак не успејаа да го прекршат резултатот и забележаа пораз со резултат 90-86.

Димитар Караџовски беше најефикасен поединец за Куманово со 23 поени. Мартин Дурчев постигна 28 поени за Бугарскиот состав.

Кошаркарите на Бал фор Лајф со пораз ги започнаа своите натпревари во Втората лига, одкако тимот на Академија ФМП победи со резултат 63-76.

Бал фор Лајф имаше солидно отварање на мечот, меѓутоа одиграа лоша втора четвртина по која не успејаа да се вратат во игра. Филип Стојановски беше најефикасен на натпреварот со 18 поени. За гостите Станковски Т. постигна 14 поени.

Во следното коло КК Куманово гостува на екипата на Струмица. Бал фор Лајф повторно игра на домашен терен против тимот на МЗТ Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk