Куманово и Кожув ја бркаат првата победа во Супер лигата

10.04.2013 11:00 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово вечерва во 19 часот ја пречекуваат екипата на Кожув против која ќе се обидат да ја забележат првата победа во Супер-лигата.

Куманово и Кожув ја бркаат првата победа во Супер лигата

Тежок удар за Куманово е повредата на Ивица Димчевски, кој е еден од носителите на играта на тренерот Луковиќ. Куманово оваа сезона води во меѓусебните дуели. Во три натпревари, кумановчани издвојуваа победа на домашен терен од регуларниот дел од сезоната и пред неколку недели во Купот на Македонија.

Куманово и Кожув се во слична ситуација, со два пораза на стартот од сезоната. Работнички, Фени и МЗТ се лидери на табелата со 2 победи без пораз, а Куманово Кожув и Лирија ќе се борат за четвртата позиција која води во Плеј-оф.

Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот, па победникот во овој дуел ќе стекне блага предност за освојување на четвртата позиција на табелата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk