Куманово и Работинчки на праг на испаѓање во Втората лига

11.04.2015 18:21 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово не го одиграа натпреварот од второто коло против тимот на Кожув. Драмата во македонската кошарка никако да почне да добива расплет.

Куманово и Работинчки на праг на испаѓање во Втората лига

Тимот на Куманово одби да игра против Кожув, со што ќе го забележи вториот службен пораз оваа сезона.

Од друга страна, Работнички денеска не играше против Карпош Соколи, со што и тие го забележаа вториот службен пораз оваа сеозна.

Според пропозициите тоа би требало да значи преселба на Куманово и Работнички во понизок ранг на натпреварување. Меѓутоа во домашната кошарка имаме низа примери за непочитување на пропозициите, а последна е таа дека Работнички по инцидентите со МЗТ Скопје веќе требаше да биде дел од Трета лига.

Сега на потег се МКФ, Натпреварувачката и Арбитражната комисија кои треба да најдат решение на оваа ситуација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk