Двајца тенисери од Куманово се членови на младинската репрезентација

25.02.2022 08:12 | KumanovoNews

Членовите на тенискиот клуб "Тумба" од Куманово Анастасија Арсовска и Алексеј Стојановски, како дел од Македонската тениска федерација ќе учествуваат на развојниот шампионат до 14 години и тренинг камп до 12 години кој е во организација на ITF/Tennis Europe .

Двајца тенисери од Куманово се членови на младинската репрезентација

Тренинг кампот ќе се одржи во Анталија, Турција во периодот од 24 февруари до 7 март 2022 година .

Како што ни изјави тренерот на ТК ТУМБА од Куманово Далибор Димковски оваа претставува голем успех  и искуство за нашите млади тенисери и  уште една потврда дека за успех и резултати потребно е само квалитена и континуирана работа, но и услови каде ќе може да се реализира тренажниот процес и програма.

Ова треба да биде поттик и за другите талентирани деца од нашиот клуб и град за уште понапорна и мотивирана работа и уживање во тенисот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk