Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово се вратија дема со уште еден пораз. На гостувањето во Кавадарци, Фени уште еднаш покажа дека е далеку поквалитетен противник од Куманово. Конечниот резултат беше 107:69.
Најефикасни на натпреварот беа Војдан Стојановски со 19 поени и Слободан Михајловски со 18. Кај Куманово Дарко Матиќ постигна 23 поени а Дејан Микиќ 11.
По испаѓањето од Купот, Куманово продолжува со доигрување на натпреварите за освојување на шестото место и пласирање во Супер-лигата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk