Куманово ја оправда фаворитската улога против Фени

06.02.2016 18:30 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово победија во дербито на 16.коло против екипата на Фени со резултат 82-74.

Куманово ја оправда фаворитската улога против Фени

Љубителите на кошарката проследија неизвесен меч во кој многупати имаше промена на водството. Фени успеја да го намачи Куманово на домашен терен скоро четири четвртини, по што кумановчани го скршија отпорот и успејаа да извојуваат победа која ги одалечи на табелата од директниот ривал. Дамка на натпреварот фрли техничката на Драган Тубак на крајот на натпреварот.

Најефикасен поединец на натпреаврот беше Александар Костовски со 26 поени. Кај гостите Карло Враговиќ постигна 19 поени. Следното коло Куманово му гостува на тимот на Карпош Соколи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk