Куманово ја пречува екипата на Лирија, Михајловски гостуваат на Карпош Соколи

14.03.2014 11:39 | KumanovoNews

Во борба за третата позиција, кошаркарите на Куманово 2009 утре во Спортската сала играат против екипата на Лирија.

Куманово ја пречува екипата на Лирија, Михајловски гостуваат на Карпош Соколи

Покрај големиот ривалитет кој го има помеѓу овие два клуба, додатен мотив пред утрешниот натпревар ќе биде и борбата за третата позиција и подобар пласман во Супер лигата.

Куманово ќе се обиде да ги консолидира своите редови и да се врати на победничките патеки против големите екипи.

Натпреварот ќе започне во 19 часот со Спортската сала во Куманово.

Екипата на Михајловски утре својот натпревар ќе го игра против тимот на Карпош Соколи. Тимот на Соколи се натпреварува надвор од борбата за бодови, па може да се каже дека нашиот тим утре ќе одигра пријателски меч на гостувањето во Скопје.

Тимот на КСК 2013 е слободен оваа коло.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk