Куманово ја продолжи серијата порази

18.02.2014 17:21 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето во Ботевград од екипата на Балкан со резултат 96:69.

Куманово ја продолжи серијата порази

Кумановчани беа декласирани уште во првата четвртина кога имаа негатива од 22 поени разлика, па на домаќинот не му беше проблем во продолжението од мечот да успее и да ја зголеми разликата на 29 поени.

Куманово 2009 покажа знаци на живот во третиот период кога успеја да ја намали ралзиката, но домаќинот ја покажа својата доминација во четвртата четвртина поставувајки ги конечните 96:69.

Најефикасен поединец на натпреварот беше поранешниот играч на МЗТ Ноа Далман со 23 поени, а во Куманово Врањеш постигна 16 поени.

Следниот натпревар Куманово игра против младинската репрезентација на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk