Куманово ја започна сезоната со победа

18.10.2012 06:52 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово издвојуваа победа во вчерашниот натпревар против екипата на Морнар Бар.

Куманово ја започна сезоната со победа

Во последните моменти од натпреварот, Костовски ја донесе победата на Куманово, постигнувајки 2 поени за конечен резултат 71:69.

Куманово имаше предност на полувреме од 37:28, но потоа натпреварот влезе во неизвесна завршница.

Натпреварот беше одлучен во самиот финиш, кога на теренот настана вистинска драма и кога на само неколку секунди пред крајот при резултат (69:69)  за домашните погоди Костоски за големо славје и првата победа во БИБЛ – лигата.

Најефинасен на натпреварот беше Ивица Димчевски со 26 поени, и Урош Луковиќ со 15 поени и 16 скока, а кај гостите Пајовиќ со 14 и Секуловиќ со 12 поени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk