Куманово му гостува на Бест

18.12.2015 10:24 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово во последните две кола имаат два лесни натпревари кои би можеле да ги искористат за поправање на позицијата на табелата.

Куманово му гостува на Бест

Првиот натпревар го играат утре на гостински терен против тимот на Бест. Иако сеуште немаат победа, втората екипа од Гевгелија која игра во Прва лига покажа заби на гостувањето во Куманово. Тајрон Харис е главното оружје на Бест кој доколку е инспириран може да сочува резултатската неизвесност. Останатиот дел од тимот се домашни кошаркари, играчи кои му обезбедија на Бест да игра во највисок ранг на натпреварување.

Сепак Куманово е далеку поквалитетен тим и се чини дека проблемите се зад клубот, по неколкуте промени кои следуваа неодмана. Победата против Соколи беше потврда дека Куманово се враќа на старите патеки.

После овој натпревар, Куманово го пречекува должникот Струмица, со што завршува зимскиот дел од сезоната.

Бест - Куманово се игра во сабота со почеток во 17 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk