Куманово му гостува на МЗТ Скопје

09.12.2015 14:21 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Куманово во видно изменет состав, денеска во салата Јане Сандански ќе гостува на екипта на МЗТ Скопје.

Куманово му гостува на МЗТ Скопје

Денеска против МЗТ Скопје свое деби ќе имаат дури три кошаркара. Мишановиќ, Трајковски и Караколев ќе бидат дел од тимот на Куманово во дуелот против актуелниот шампион. Вукашин Мандиќ е повратник во тимот на Куманово и вечерва ќе игра против МЗТ Скопје.

По слабите настапи во АБА лигата, тимот од Аеродром е во криза а тренерот Алеш Пипан си поднесе оставка на тренерската функција. Куманово е единствената екипа која го порази МЗТ во домашното првенство, а дали може да ја искористи кризата кај шампионот и по втор пат останува да видиме по денешниот натпревар.

Натпреварот започнува во 18 часот, а ќе можете да го прегледате на следниот линк.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk